
Почитувани, учесници, поддржувачи, спонзори и граѓани. ![]()
Сакаме да ве информираме дека планираниот настан –
SUP ACROSS LAKE MLADOST 2024 – кој требаше да се одржи на 18.08.2024, недела на Велешко езеро Младост, ќе биде одложен за друг датум. ![]()
Оваа одлука тешко ја донесовме во согласност со препораките на Институтот за јавно здравје на РСМ, кој врз основа на нивните согледувања и добиеното стручно мислење од 05.08.2024 година, кое до следното известување апелира до граѓаните водата од акумулација Младост да не се користи за спорт и рекреација, итн. ![]()
Повеќе на линкот: https://jpvlisice.mk/?p=1978&lang=mk
Дополнително, СУП Клуб Велес го посети езерото неколку пати оваа недела, и мораме да напоменеме дека истото не изгледа убаво за око, што уште повеќе ја потврдува потребата од преземање на претпазливи мерки за заштита на здравјето и безбедноста на сите учесници. ![]()
Здравјето и безбедноста на сите учесници ни се најважни, и затоа одлучивме да го презакажеме настанот за период кога условите ќе бидат безбедни за сите, се надеваме во следните месеци. ![]()
Воедно, апелираме до сите надлежни институции и организации кои имаат ингеренции над езерото Младост, да се вклучат активно во неговото средување и заштита. Езерото е значајно не само за жителите на Велес, туку и за цела Македонија, и потребна е заедничка акција за да го зачуваме и подобриме неговиот изглед и функционалност. ![]()
За новиот датум и дополнителни информации ќе ве информираме навремено. ![]()
Ви благодариме за разбирањето и поддршката. ![]()
Заедно ќе се справиме со предизвиците и ќе продолжиме да уживаме во убавините на нашето езеро кога ќе биде безбедно, се надеваме наскоро. ![]()
Со почит,
Тимот на СУП Клуб Велес.
Пријавата со линкот сеуште ќе биде отворена за секој што ќе сака да се пријави за настанот кој ќе биде со следен датум за одржување: https://forms.gle/heF5EFc5XsHLtf2dA