
Почитувани, учесници, поддржувачи, спонзори и граѓани.
Сакаме да ве информираме дека планираниот настан –
SUP ACROSS LAKE MLADOST 2024 – кој требаше да се одржи на 18.08.2024, недела на Велешко езеро Младост, ќе биде одложен за друг датум.
Оваа одлука тешко ја донесовме во согласност со препораките на Институтот за јавно здравје на РСМ, кој врз основа на нивните согледувања и добиеното стручно мислење од 05.08.2024 година, кое до следното известување апелира до граѓаните водата од акумулација Младост да не се користи за спорт и рекреација, итн.
Повеќе на линкот: https://jpvlisice.mk/?p=1978&lang=mk
Дополнително, СУП Клуб Велес го посети езерото неколку пати оваа недела, и мораме да напоменеме дека истото не изгледа убаво за око, што уште повеќе ја потврдува потребата од преземање на претпазливи мерки за заштита на здравјето и безбедноста на сите учесници.
Здравјето и безбедноста на сите учесници ни се најважни, и затоа одлучивме да го презакажеме настанот за период кога условите ќе бидат безбедни за сите, се надеваме во следните месеци.
Воедно, апелираме до сите надлежни институции и организации кои имаат ингеренции над езерото Младост, да се вклучат активно во неговото средување и заштита. Езерото е значајно не само за жителите на Велес, туку и за цела Македонија, и потребна е заедничка акција за да го зачуваме и подобриме неговиот изглед и функционалност.
За новиот датум и дополнителни информации ќе ве информираме навремено.
Ви благодариме за разбирањето и поддршката.
Заедно ќе се справиме со предизвиците и ќе продолжиме да уживаме во убавините на нашето езеро кога ќе биде безбедно, се надеваме наскоро.
Со почит,
Тимот на СУП Клуб Велес.
Пријавата со линкот сеуште ќе биде отворена за секој што ќе сака да се пријави за настанот кој ќе биде со следен датум за одржување: https://forms.gle/heF5EFc5XsHLtf2dA